Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: 20 години Центар за деца со церебрална парализа, пример за инклузија

Gggse.jpeg

По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети Центарот за деца со церебрална парализа, кој одбележа 20 години постоење.

На приредбата, градоначалникот ја нагласи посветеноста на локалната самоуправа за постојано унапредување на овој Центар.

„Нашата општина има инклузивен и хуман пристап кон сите граѓани, а токму овој Центар е доказ за тоа”, истакна Герасимовски.

Центарот за деца со церебрална парализа продолжи со работа во 2019 година во ООУ „Киро Глигоров”.

Се простира на површина од 305 м² и располага со антибактериски подови, адаптирани тоалети, инклузивни  стандарди, рампи за пристап, адаптибилно загревање и интерактивни табли.

Преку унапредувањето и функционирањето на овој Центар, Општина Центар континуирано ја покажува грижата и поддршката за лицата со попреченост, како и стремежот да се создаваат услови за поквалитетен живот за сите граѓани.

Можете да прочитате

Карпошани го одбележаа меѓународниот ден на лицата со попреченост

Ѓорѓиевски именува нови в.д. директори во „Дрисла“ и „Градски паркинг“

Општина Аеродром и пиша 1300 евра казна на фирмата што ја гради полициската станица во Ново Лисиче – со гуми со кал возеле по улиците