Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: 15.000 денари на студенти за практикантство во Општина Центар

Gerasimovski kanal 5.png

Градоначалникот Горан Герасимовски во утринската емисија „Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија потенцираше дека со јавниот повик за практикантство во Општина Центар им се подава рака на центарските студенти кои имаат потреба од практикантство. Герасимовски вели дека со практикантството ќе се вреднува и трудот на младите кои ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари (нето).

„Имаме повик за практиканти којшто е во тек. Целта ни е да обучиме млади кадри коишто во иднина би ни биле и наши колеги за да го подобриме и зголемиме и тимот на луѓе во општината, но и да им пружиме помош и подадеме рака на нашите центарски студенти коишто имаат потреба од практикантство”, изјави Герасимовски.


Практикантството започнува од 1 јуни 2025 година, ќе се спроведува во општинските сектори и ќе трае до 6 месеци.

Герасимовски информираше дека во тек се неколку јавни повици коишто секоја година се зголемуваат и подобруваат со цел да им се пружи помош на сите центарци.

„Дополнително, тече повикот за велосипеди и тротинети којшто секоја година го организираме, но го проширивме по барање на одредени невладини организации и во делот на купување на дополнителна опрема за велосипеди. Пуштен е повикот за кровови и лифтови, тој оди веќе неколку години по ред и ги зголемуваме финансиските средства во зависност од потребите и барањата на жителите”, рече Герасимовски и најави дека се подготвува и јавниот повик за фасади.

„Имаме повици за новороденчиња, повици за одредени културни настани. Во моментов имаме повик за графити, за разубавување на одредени фасади. Имаме повик за младите за субвенционирање на возачки испит, доделуваме 10.000 денари за нашите ученици коишто ќе полнат 18 години во текот на 2025 година”, истакна Герасимовски.

Можете да прочитате

ЈП „Комунална хигиена“: Висар Ганиу пласира лажни вести во обид да ја покрие неспособноста

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци

Аеродром, по 15 години, набави нова механизација за одржување урбано зеленило