Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (20.30 часот) во Краков го стартува настапот на Светското првенство, а ривал е селекцијата на Норвешка.
Крилниот ракометар Гоце Георгиевски во пресрет на стартот верува дека нашиот национален тим може да ја оствари целта, а тоа е пласман во втората фаза од СП.
За тоа на Македонија ќе и биде потребна најмалку една победа на натпреварите против Норвешка, Холандија или Аргентина.
„Знаеме со каков квалитет располага Норвешка, тие секако се фаворити со оглед дека имаат амбиции да освојат медал. Но, за нас најважно е да се фокусираме на нашата игра и да ја гледаме нашата цел. Секако дека тоа е пласман во главната фаза од Светското првенство. Јас сум оптимист и мослам дека можеме тоа да го оствариме“, вели Гоце Георгиевски, кој сега е еден од најискусните во македонската репрезентација.