Утрински Весник
Македонија

Генералниот секретар на НАТО Руте утре во официјална посета на земјава

Mark Rute.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета.

Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.


Во рамки на програмата, предвидена е и заедничка прес-конференција со претседателката Давкова.

Ова е прва посета на Руте на земјата, откако ја извршува функцијата прв човек на Алијансата.

Можете да прочитате

Инвертер клими за ранливи домаќинства, повик до сите компании да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија

Кузеска: Што праиме сега Мицкоски, кој од власта ќе одговара за нарко скандалот со 5 тони дрога

Прв национален инклузивен натпревар по роботика во Македонија