Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во објава на својата официјална страница на Фејсбук, потсетува дека денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја погоди општина Гази Баба.
Стефковски потсетува дека 22 луѓе ги загубија животите во катастрофалната поплава која во 2016 година ја зафати општина Гази Баба.
– Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе и разруши се. Кога навидум се беше безнадежно, се роди новата надеж дека ќе дојде подобро утре. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината и подадоа рака за помош, пишува градоначалникот изразувајќи благодарност до сите што помогнаа во тие тешки моменти.