Утрински Весник
Спорт

Газета дело Спорт: Во Интер се бесни на Брозовиќ

Газета дело Спорт: Во Интер се бесни на Брозовиќ

Марцело Брозовиѓ најверојатно ќе го напушти Интер на крајот на сезоната. Брозовиќ во Интер е од 2015 година, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја процени на 35 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Брозовиќ со години беше еден од клучните играчи на Интер, но оваа сезона е во втор план. Брозовиќ оваа сезона имаше големи проблеми со повреди и одигра само 1004 минути за Интер.

На најважните мечеви за Интер во февруари, против Милан и Порто, хрватскиот репрезентативец доби шанса од клупата, а се почесто се шпекулира дека клубот ќе го продаде.

„Хрватот се обиде да си го врати местото во стартните 11, но за тоа мора да ја најде својата форма и пред се ставот што го имаше во неговите златни денови. Многумина, дури и неговите соиграчи, мислат дека се променил, тој помалку се смее “, пишува „Газета дело Спорт“.

Брозовиќ, пишува „Газета дело Спорт“, ги налутил луѓето во клубот, бидејќи додека бил во процесот на рехаблитација соработувале со Андреј Милутиновиќ, фитнес тренер кој неколку месеци претходно се вработи во ривалот на Интер, Милан.

Во јануари Брозовиќ беше поврзуван со Барселона, се споменуваше размена за Франк Кеси, но тоа не се случи. Брозовиќ има уште три години од договорот со Интер. Годишно заработува околу шест милиони евра.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ