Утрински Весник
Спорт

Газдите на Челси ја објаснија одлуката за отказот на Тухел

Газдите на Челси ја објаснија одлуката за отказот на Тухел

Ко-сопственикот на Челси, Џонатан Голдстајн, ја објасни одлуката на клубот да го отпушти менаџерот Томас Тухел и да го замени со Грем Потер. Отказот за Германецот по само неколку натпревари во сезоната беше големо изненадување, и покрај неубедливиот настап на тимот.

dobivaj vesti na viber

На „Стемфорд Бриџ“, сепак, веруваат дека донеле вистинска одлука.

„Тоа беше заедничка одлука и ја донесовме мислејќи дека долгорочно ќе биде во најдобар интерес за клубот. На крајот целта е да се обезбеди потребната хармонија меѓу раководството на тимот и сопствениците. Во тоа време сметавме дека токму тоа недостасува“, призна Голдстајн.

„Воодушевени сме што Грем Потер го презеде тимот“, дополни тој.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет