
Откако медиумите објавија дека Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера бил забележан во Истанбул, Турција, каде што присуствувал на свадба, со реакција се јави владеечката партија ВМРО-ДПМНЕ.
-Асмир Јахоски, кој го оштети Буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра и за кого се води постапка, моментално ужива на Босфор. Откако доби домашен притвор за кривично дело перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло, синот на пратеникот на ДУИ, сега можеме да го видиме по медиумите дека е на Босфор, Турција.
– Advertisements –
Судиите избрани од ДУИ и СДС му го укинаа притворот и му го одземаа пасошот, бидејќи тој даде милиони да гаранција дека нема да бег. Сега се поставува прашањето како е тој во Турција кадешто ги троши милионите кои ги проневерил?
Од информации во јавноста, дознаваме дека судиите му одобриле на Јахоски и му го вратиле времено пасошот, за тој да може да шета и ужива по Босфор со нашите пари кои тој и неговите блиски ги украдоа од Буџетот на државата! Правдата изгледа ќе мора да почека додека тој слави матурски на Босфор. Затоа судиите мора да одговараат. Реформи во судството мора да има, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.