Утрински Весник
Македонија

Газда Деко од затворот во Скопје координира влијание врз сведоци во случајот „Пулс“, тврди мајка на загинато момче

Whatsapp image 2025 12 02 at 13.00.52.jpeg

Пред денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ семејствата на загинатите јавно алармираа за, како што тврдат, сериозни обиди за влијание врз сведоци во постапката.

Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој го загуби животот кобната ноќ во дискотеката „Пулс“, изнесе обвинувања дека располагаат со информации за можни притисоци врз сведоци на Обвинителството.

Според нејзините наводи, лицето Ј.Ј., кое се наоѓа во притвор во скопскиот затвор, му овозможувало користење мобилен телефон на Тодор Јованов, брат на обвинетиот, преку кој наводно се остварувала Вибер-комуникација со сведоци.

Златкова јавно побара од надлежните институции итно да ги проверат овие тврдења и темелно да се испитаат сите комуникации поврзани со наведениот телефон.

Таа потенцира дека трагедијата во „Пулс“ претставува, како што вели, „геноцид врз една млада генерација“, предизвикан од алчност, корупција и несовесно работење, и предупредува дека и по катастрофалниот настан, според нив, постојат обиди за прикривање и влијание врз судската постапка.

Можете да прочитате

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена

Два нови пилоти за гаснење пожари се приклучуваат на ДЗС