Утрински Весник
Македонија

„Газат кал, немаат вода“ СДСМ најавува нов почеток за Куманово со Мартин за градоначалник

558537953 122161244264771244 2588909740972197608 n.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„21 век е, а луѓето во Перо Чичо сè уште газат кал и немаат вода. Тоа мора да се смени!“, напиша генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во објава на социјалните мрежи.

Димитријевиќ заедно со кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин, носителот на советничката листа Томица и пратеникот Оливер, присуствуваа на маалска средба со жителите на Перо Чичо.


„Разговаравме отворено за проблемите, за пропустите на локалната власт, но и за решенијата што Мартин и тимот на СДСМ ги нудат“, напиша тој, додавајќи дека на претстојните избори е време „да се сврти нов лист“.

Димитријевиќ истакна дека со кандидатот Мартин, Куманово повторно ќе се развива како во годините кога беше предводено од СДСМ – како град пример не само во Североисточниот регион, туку и во целата држава.

„Програмата на Мартин и советничката листа на СДСМ содржи проекти што се реални, остварливи и во интерес на сите граѓани. Вреди да се бориме за нашиот дом. Вреди да се бориме за наше социјалдемократско Куманово“, заврши Димитријевиќ.

Можете да прочитате

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси