Утрински Весник
Македонија

Гаши во Турција ја прими Глобалната награда за дипломатија

Screenshot 20251109 150143 gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска со објава на Фејсбук информира дека во Аланија, Турција ја примил Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство.

Наградата на Гаши му била врачена од Мевлут Чавушоглу, актуелен пратеник и поранешен турски министер за надворешни работи.

Гаши посочува дека наградата е признание за посветеноста на Собранието за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста и одговорноста.

-Во Аланија, Турција, на една извонредна церемонија и во топла пријателска атмосфера, имав чест да ја примам Глобалната награда за дипломатија од Глобалниот совет за новинарство (GJC). Ова признание претставува благодарност за нашата посветеност во Собранието на Република Северна Македонија за зајакнување на парламентарната дипломатија, транспарентноста и одговорноста. Во време кога гласовите често се издигнуваат погласно од аргументите, и кога информацијата понекогаш ја губи правичноста пред брзината, оваа награда ме потсетува дека вистинската дипломатија и одговорната работа се градат врз почит, разбирање и отворен дијалог. Длабоко сум благодарен на Глобалниот совет за новинарство, организаторите и жирито за оваа голема чест!, напиша Гаши во објавата.

Можете да прочитате

Инцидент во Струшко: Во близина на угостителски објект пукано во воздух од БМВ во движење

Опожарено возило во Аеродром, нема повредени

Македонија во портокалова предупредувачка фаза поради обилните дождови