Границата со Косово била целосно приватизирана за потребите на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Таа биле отворена за неговите службени возила, но и за други приватни возила кои биле дел од поворката по невестата. Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување, но и на сватовите биле пропуштени без контрола, објавија од СДСМ.
„Според информациите кои ги добивме, поворката пред да ја помине границата била паркирана на една бензинска станица во близина на границата. Потоа, сите возила заедно, вклучително и приватните возила, поминале на лентата за камиони, односно товарен траспорт без да бидат застанити. Да биде скандалот уште поголем, во возилата каде се што се возело обезбедувањето на Гаши, имало и дел од сватовите односно приватни лица што е законски недозволено“ велат од СДСМ.
На овој начин, Гаши си ја приватизирал границата и ја нарушил безбездноста на државата и проверкат ана патниците која е задолжителна согласно законот, а се тоа се случувало со амин на МВР и одогорните службеници.
„Прашуваме, кој ја дал наредбата за ова? Дали лично Гаши или Тошковски? Кој од МВР бил одговорен да го организира ова своеволие? Бидејќи, јасно е дека без команда да се пропуштат возилата ова не можело да се случи. Дали контролата на границата кон Косово е целосно препуштена на партиските структури на ВЛЕН? Кој гарантира што се поминало низ границата во приватните возила? СДСМ бара сериозна истрага од Јавното обвинителство и одговорност од сите инволвирани за овој скандал. Бараме Тошковски да си поднесе оставка или да биде разрешен во најкратка постапка“ велат од СДСМ.
Тие побараа внатрешната контрола да утврди одговорност на сите кои ги пречекориле овластувањата во МВР, а Јавното обвинителство да поднесе соодветни кривични пријави за овој скандал.