Утрински Весник
Македонија

Гаши: Предлогот на СДСМ и Левица за анкетна комисија за Кочани вратен на доуредување

Image 2025 11 24 152301884.png

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информираше дека на редовната средба со координаторите на пратеничките групи е констатирано дека Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за трагичниот настан во Кочани поднесена од Левица и СДСМ не е уредна поради тоа што тие бараат да имаат мнозинство во Комисијата, а имаат и претседател.

Гаши на брифингот со новинарите објасни дека опозициските партии бараат мнозинство што не е во согласност со Деловникот, повикувајќи се на членот 124 од него и поради тоа иницијативата за основање анкетна комисија е вратена на доработка.

СДСМ и Левица бараат покрај претседател, СДСМ и ДУИ да имаат по четворица пратеници, ВМРО-ДПМНЕ тројца, Вреди двајца, а ЗНАМ еден.

Гаши информираше дека до Собранието не е доставен предлог за нови членови на Владата и оти не би знаел да каже кога тие ќе бидат доставени, но оти кога ќе се случи тоа седница може веднаш да биде свикана.

Во однос на Изборниот законик, до Собранието треба да биде доставена информација од Министерството за правда дали се работи на нов текст, пред да се одлучи дали ќе биде формирана работна група од пратеници кои би работеле на негови измени.

Во однос на другите закони поврзани со реформската агенда и правосудството, претседателот на Собранието рече дека веднаш штом ќе бидат доставени ќе биде направена динамика за нивно носење.

За измените на Кривичниот законик поврзано со одлуката на Уставниот суд за застарувањето на делата „злоупотреба на службена положба“ Гаши очекува многу брзо да стигнат во Собранието. Според него, тој би можел да биде донесен до 26 декември.

Изборот на Народниот правобранител во Собранието, според него зависи од договорот на политичките партии застапени во Собранието.

Можете да прочитате

Атанасов: Градоначланикот Јанчев многу добро знае дека Рома Кафе ги исполнува условите за безбедност, на концертот беа и членови на неговото семејство

Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година

Енергетика воведува дронови и дигитален надзор