Утрински Весник
Македонија

Гаши: Останувам во коалицијата „ВРЕДИ“

Afrim Gasi E1732810748850.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши во објава на Фејсбук пишува дека останува во коалицијата „Влен“ демантирајќи ги информациите објавени во некои медиуми дека излегува од коалицијата. 

– Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа на изборите на 8 мај 2024 година. Значи, Африм Гаши е член на Алтернатива во коалицијата Влен. Како претседател на Собранието, се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратеничките групи, бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам, напиша Гаши.


По несогласувањата со лидерот на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, од коалицијата „Влен“ најавија дека од следнава недела почнува процедурата за создавање на партиите од коалицијата во една политичка партија.

Лидерот на Демократско движење Изет Меџити, во интервју во емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија на албански јазик, информира дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори.

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор