Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

20251017171824 big 730x400 70.webp.webp
Img 7972

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска оствари средба со делегација на пратеници, кои во име на Европскиот парламент ќе ги набљудуваат локалните избори.

Членовите на Делегацијата, како што соопшти собраниската прес-служба, доаѓаат од четири политички партии застапени во Европскиот парламент: Марта Темидо од Групата на социјалисти и демократи, Португалија, Карло Реслер од Европските народни партии, Хрватска, воедно и ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, Пјер Пимпи од Патриоти за Европа, Франција и Николас Фарантурис од Левица, Грција.


Претседателот Гаши на средбата изразил уверување дека претстојните локални избори ќе бидат спроведени во целосна согласност со највисоките демократски стандарди и ќе ја покажат демократската зрелост на земјата. Тој ја поздравил долгата и успешна соработка како и редовната комуникација со Европскиот парламент, која најдиректно се одвива преку Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Северна Македонија. Нагласил дека и после 20 години од кандидатскиот статус, реформи, компромиси и тешки и болни одлуки, граѓаните на земјава остануваат верни на европските вредности.

Европратениците информирале дека како делегација се дел од меѓународната набљудувачка мисија предводена од ОБСЕ-ОДИХР и дека иако досега учествувале во набљудувањето избори во земјата многу пати, првпат ќе следат локални избори. Нивната цел е да придонесат кон непристрасно и објективно мониторирање на процесот, но и да ја потврдат силната поддршка на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

-Соговорниците разменија мислења и за подготовката на институциите за локалните избори, како и за текот на кампањата. Европратениците изразија надеж дека граѓаните на Северна Македонија на 19 октомври ќе го остварат своето гласачко право во мирна и демократска атмосфера, а претседателот Гаши посакувајќи им успех во набљудувачката мисија, нагласи дека со големо внимание ќе ги очекува нивните проценки, за кои изрази уверување дека ќе бидат позитивни и дополнително ќе го зајакнат кредибилитетот и транспарентноста на изборниот процес, се истакнува во соопштението.

Можете да прочитате

ДПМ бара итна санација на оштетената спомен-куќа на Владо Малески во Струга

Митовски: Крива Паланка денес е пример за развиен град , барам нов мандат за да продолжиме со чесна работа

Филипче до граѓаните на Македонија: Вашата сила е во гласањето, покажете ја во недела