Утрински Весник
Македонија

Гаши: Денешниот ден да биде поттик за поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување

Gasi.webp.webp

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод државниот празник Св. Климент Охридски.

– Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот. Овој ден нè потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот темел врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава. Во тие вредности препознаваме заедничка цел – силно, обединето и перспективно општество за сите граѓани. Нека празникот биде поттик за уште поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување, порача Гаши во честитката.

Можете да прочитате

Трендафилов: Намалете ги платите на функционерите кој земаат и до 180.000 денари, па помогнете им на работниците

Автобус удри девојче во Ново Село, сообраќајот кон Волково се одвива во една лента

Петрушевски: Пратениците на СДС го бојкотираат Венко Филипче?