
Денеска во Собранието на Македонија се одржа комеморативна седница по повод годишнината од трагедијата во Кочани, каде во пожар загинаа 63 млади луѓе.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обрати пред присутните со траорно обраќање, а истовремено спомна и нумера од бендот ДНК.
Песната на групата ДНК, „Ако утре ме нема“ која до таа ноќ претставуваше само рефрен денес добива поинакво значење за секој што ја слуша, затоа што за некои од оние што пееја утрешниот ден навистина никогаш повеќе не дојде. „Некои ноќи завршуваат рутински, некои оставаат спомени, но има и такви што никогаш не завршуваат. Постојат утра што будат надеж и раѓаат нова сила, но има и мрачни утра што ја гасат надежта и предизвикуваат само болка. Такво утро беше 16 март минатата година.“
Гаши потсети дека ноќта започнала со забава, со насмевки и пријателства, но завршила со плач и болка која длабоко продрела во срцата на сите граѓани.


