Утрински Весник
Свет

Гари Каспаров ставен на руската листа на терористи и екстремисти

Kasparov.jpg

Светскиот шампион во шах Гари Каспаров е додаден на листата на терористи и екстремисти, соопшти денеска Федералната служба за финансиски надзор на Руската Федерација (Росфинмониторинг).

„Гари Каримович Каспаров, роден на 13 април 1963 година, во Баку, во Азербејџанската автономна Советска Социјалистичка Република, е на списокот“, соопшти Росфинмониторинг, пренесена од руските медиуми.

Судот во Москва веќе го има казнето Каспаров со 30. 000 рубљи (повеќе од 300 евра) поради непочитување на законот за „странски агенти“. Пред еден месец истиот суд го казни Каспаров со 40.000 рубљи (повеќе од 400 евра) поради објави на социјалните мрежи. Каспаров во мај лани беше ставен во регистарот на странски агенти во Русија. 

Можете да прочитате

Мнозинството Германци се незадоволни од работењето на Владата

Странските криминалци осудени во Велика Британија веднаш ќе бидат депортирани

Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија