Утрински Весник
Свет

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат дека пет од шест убиени Палестинци во Газа се цивили

20250822093553 big 730x400 50.webp.webp

Податоците од доверливата база на податоци на израелската воена разузнавачка служба покажуваат дека пет од шесте Палестинци убиени од израелските сили во војната во Газа биле цивили, односно дека стапката на смртност кај цивилите во Газа е околу 83 проценти, објави денеска лондонски Гардијан.

Заедничката истрага на Гардијан, израелско-палестинското списание „+972“ и хебрејскиот медиум „Локал Кол“ дојде до заклучок дека во мај податоците од класифицираната база на податоци на Израелските одбранбени сили (ИДФ) покажале дека 8.900 именувани борци на палестинското милитантно движење Хамас и палестинскиот исламски џихад се мртви или „веројатно мртви“.


Здравствените власти во Газа во мај имаа соопштено дека во израелските напади во војната во енклавата дотогаш биле убиени 53.000 Палестинци, а во таа бројка биле вклучени и борци и цивили.

Борците именувани во базата на податоци на израелската воена разузнавачка служба сочинувале само 17 проценти од вкупниот број, што укажува дека 83 проценти од мртвите биле цивили.

Според палестинското Министерство за здравство, до 14 мај оваа година во Газа имало 52.928 смртни случаи, кое ги наведува само луѓето чии тела се пронајдени, а не илјадниците закопани под урнатините.

Израелското воено разузнавање, исто така, не е запознаено со сите смртни случаи на милитанти или нови регрути, но тие бази на податоци ги користат израелските офицери за воено планирање.

Можете да прочитате

Трамп ќе патролира со Националната гарда по улиците на Вашингтон: Сега сите се безбедни

Ким Џонг-ун одржа церемонија во чест на загинатите војници кои се бореа за Русија против Укрина

Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД