Утрински Весник
Свет

Гардијан: Наместо 150.000 војници, Украина би можела да се штити со дронови и разузнавачки системи

20250219082038 Big 730x400 40.webp.webp

Безбедносните сили за гарантирање на стабилноста во Украина, предводени од Европската Унија, не мора нужно да вклучуваат голем број војници стационирани на фронтот и би можеле да бидат присутни на терен во состав од неколку десетици илјади војници или дури и помалку, наведуваат добро информирани британски воени извори за Гардијан.

Според британскиот весник, безбедносниот пакет за осигурување на мирот во Украина во голема мера би се потпирал на разузнавачки, надзорни и извидувачки капацитети за следење на какви било обиди на Русија да ја наруши линијата на контрола, доколку се постигне договор за прекин на огнот или конечно мировно решение.


Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека, во случај на мировен договор со Русија за завршување на војната, би било потребно да бидат распоредени меѓу 100.000 и 150.000 странски војници, кои би гарантирале безбедност.

Русија вчера соопшти дека нема да прифати стационирање на какви било сили од НАТО во Украина.

Британски воени извори наведуваат дека најверојатно сценарио би било Велика Британија да придонесе во силите за одвраќање во Украина со една бригада или евентуално две, како дел од мултинационална дивизија што би ја предводела. 

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори