Утрински Весник
Македонија

Ганиу: Ниокогаш не ни било во план оторање на нова партија, целта ни е да делуваме внатре како фракција

Ганиу:  Ниокогаш не ни било во план оторање на нова партија, целта ни е да делуваме внатре како фракција

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу истакна дека информациите за внатрешна фракција меѓу огнената група ги добил преку медиумите. Тој изјави дека луѓето од фракцијата на ДУИ се на одмор а завчера остварил контакт со Беџети и дека заедно се координирале околу состојбите.

dobivaj vesti na viber

Ваквата изјава следи откако деновиве во јавноста имаше информации дека челниците на „огнената група“, Изет Меџити и Блерим Беџети, се во политичка војна поради тоа што наводно Меџити пропагира „огнените“ да расчистат со ДУИ и да формираат свое движење или партија, додека Беџети смета дека како фракција треба да ја продолжат битката за реформирање на ДУИ.

На прашањето дали фракцијата планира да отвори нова партија, Ганиу со одговор дека никогаш тоа не им било во план, туку нивната цел е од внатре да делуваат како фракција и да функционираат.

Внатрепартиските избори на ДУИ кои се одржаа минатиот викенд, според Ганиу се нелегитимни.

„За нас е нелегитимно, ние имаме по седум члена и сите заедно заклучивме дека тоа е надвор од статутот. Во статутот не е предвидено еден член еден глас. Тао важи само за претседателот на партијата а не важи за другите. Партијата не го повика Извршниот совет и рподолжи така да функционира без амин од внатрешните органи кои алудирале дека ова е нестатутарно. Ние не учествувавме во ова бидејќи се беше изрежиррано. Најавија две до три илјади гласови а не знаеме дали излегоа околу 400. Тоа покажува дека процеост е фиктивен а не природен“, посочи Лога.

Можете да прочитате

ЦУК: Вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, три се под контрола и девет се изгаснати

Трендафилов: Не туркајте не на улица, минималната плата е прашање на живот

Онлајн пазарувањето ги празни трговските центри, трендот расте и во Македонија