Утрински Весник
Македонија

Ганиу: Арсовска прави шоу – дивоградби има насекаде, а не само во Чаир

498202925 10065168753560023 2344718822340966616 n.jpg

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска одржа прес-конференција на која ѝ одговори на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нејзините обвинувања за незаконска легализација на дивоградби. Ганиу тврдеше дека дивоградби има во цело Скопје, не само во Чаир, и дека постапките за легализација се вршени според Законот, како и во сите други општини.

„Во Општина Чаир дури 80 отсто од објектите пред донесувањето на Законот за легализација на дивоградби беа без никаква документација. Објектите се легализирани според Законот, како во сите други општини во земјава. Не е во ред само Чаир да се обвинува. Ова е шоу што го прави Арсовска, таквиот начин на комуникација е неприфатлив. Ништо не е избришано во Катастар, а таа зграда што ја промовираше Арсовска не е легализирана. Во Чаир нема празни државни парцели за да се гради незаконски“, изјави Ганиу.


Тој дополнително обвини дека Арсовска всушност одработува за ДУИ, кои, според него, стравуваат од пораз на локалните избори во Чаир. „Арсовска работи за интересите на ДУИ. Не комуницира со ниту еден друг градоначалник, освен со градоначалникот на Сарај. Бујар Османи и Блерим Беџети, престанете да се криете зад Арсовска! Целата оваа ситуација е знак за паника затоа што знаете дека ќе изгубите на изборите во Чаир“, додаде тој.

Ганиу објасни и дека вчера лично го истурил ѓубрето пред седиштето на Град Скопје, иако знаел дека тоа е незаконски потег. „Цела општина е затрупана со смет затоа што Градот не чисти. Старата скопска чаршија и улиците во Чаир се преполни со отпад“, нагласи Ганиу.

Изминативе две недели, градоначалничката Данела Арсовска шета низ Чаир и на социјалните мрежи објавува видеа од згради кои ги нарекува дивоградби, обвинувајќи го Ганиу дека ги легализирал незаконски. Градоначалникот на Чаир, пак, решително ги отфрла овие тврдења и бара институциите да ја проверат состојбата.

Можете да прочитате

Расте бројноста на загрозените белоглави мршојадци во Македонија!

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

За Панчо во моментов нема да се води постапка бидејќи е во тешка здравствена состојба, вели Коцевски