Утрински Весник
Спорт

Галтие: Густиот распоред е виновен за повредата на Нејмар

Галтие: Густиот распоред е виновен за повредата на Нејмар

Тренерот на францускиот шампион ПСЖ, Кристоф Галтие, го обвини напорниот распоред за новата повреда на едeн од неговите најдобри играчи. Бразилецот Нејмар, го повреди зглобот во неделата против Лил.

dobivaj vesti na viber

Нејмар се повреди на почетокот на вториот дел при судир еден од дефанзивеците на Лил.

Засега не е познато колку е сериозна повредата, а од клубот соопштија дека на Нејмар ќе му бидат извршени дополнителни прегледи во следните 48 часа.

Нејмар го повреди истиот зглоб на Светското првенство во Катар на крајот на минатата година, а поради таа повреда не настапи на два натпревари за Бразил.

„Ова не е несреќа. Секогаш има причини за повреди, а во овој случај тоа е распоредот, односно серијата натпревари“, изјави Галтие.

Повредата на Нејмар дојде во незгоден момент за ПСЖ, кој наскоро го очекува реванш осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина