Утрински Весник
Спорт

Галтие го брани Мбапе откако овој му ја критикува тактиката

Галтие го брани Мбапе откако овој му ја критикува тактиката

Тренерот на Пари Сен-Жермен го бранеше својот фудблер Килијан Мбапе откако француската ѕвезда му ја критикува тактиката за играње со тројца напаѓачи вчера против Ремс кога „светците“ одиграа само 0:0 по црвениот картон за Серхио Рамос.

dobivaj vesti na viber

Според француските медиуми, Мбапе добил уверување од управата на клубот дека тој ќе игра во формација со двајца напаѓачи со играч зад нив наместо вообичааените тројца во нападот.

„Неговата реакција беше во жештината на моментот по разочарувачкит резултат. Зборував со Килијан на почетокот на сезоната и ги зедов предвид неговите коментари кога играше за Франција бидејќи му е поудобно да игра со такваа тактика. Исто така, зборував со Луис Кампос и со претседателот на клубот да донесеме и четврти напаѓач, со поинаков профил, кој ќе дозволи двајца напаѓачи и Килијан да игра на својата удобна позиција. Тој веќе има 11 гола ова сезона и ќе има уште повеќе. Килијан воопшто не требаше да игра против Ремс бидејќи беше болен, така што тоа беше изјава дадена во таков момент. Ќе најдеме друга опција“, вели Галтие.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина