
Поранешниот директор на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски за 24инфо ги прокоментира најновите случувања во зоолошката градина, односно угинувањето на берберските овци.
Според него изјавата дека истите се отруле од гранки е приказна за мали деца, со оглед на тоа што ако имало такви фатални гранки и во неговиот мандат од три години ќе се случеше вакво нешто.
Галетановски вели дека во самата зоолошка градина има човек по работно место биолог кој ги знае и контролира и растенијата и квалитетот на храната и ако знаеле дека има на дофат такво отровно растение ќе го отстранеле со време.
“Најмногу му замерувам на директорот поради не транспарентноста што овој настан се криел веќе 6 дена и покрај тоа што не му е потребна никаква дозвола од градот, иако пракса му стана да се вади на градот, којзнае и дали воопшто оди на работа”, додава Галетановски.
Според него труењето настанало или од страна на посетител или пак некој од внатре вработен, што може да се докаже и со поставените безбедносни камери, но крајната работа остава да си ја заврши АХВ.