Утрински Весник
Скопје

Галетановски најавува формирање фондација за обезбедување пари за Скопската зоолошка и нејзините вработени

Chombe 2 1282x1080 1.jpg

Екс-директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски денеска преку соопштение најави тужба против ЗОО Скопје. Ова произлегува од тоа што поминаа два месеца од објавувањето на јавниот оглас за директор на установата каде што тој беше единствениот пријавен кандидат, а нема никаква одлука.

Неговите документи, како што вели тој, воошто не биле ниту разгледани, односно не било отворено ниту пликото.

Тој во објава на социјалните мрежи најавува и формирање фондација под името „За европска зоолошка“, чија примарна цел ќе биде обезбедување финансиска поддршка за Зоолошката градина во Скопје и нејзините вработени.

„Фондацијата ќе биде посветена на развојот и одржувањето на Зоолошката градина според европски стандарди, овозможувајќи соодветни услови за живот на животните, унапредување на инфраструктурата, како и обезбедување средства за професионален развој и соодветни услови за работа на вработените – какви што впрочем заслужуваат, а во моментов ги немаат. Со формирањето на фондацијата ќе се стремам за зголемување на свесноста за важноста на заштитата на животинскиот свет и едукацијата на јавноста за овие прашања, во соработка со релевантни европски институции и организации“, пишува Галетановски, и додава дека ги охрабрува колегите од институцијата кои работат посветено и професионално, а кои се соочуваат со притисоци, доколку имаат потреба од правен совет, неговиот адвокат ќе биде на располагање за било какво прекршување на Законот за работни односи.

Скопската зоолошка градина не може да избере нов директор и покрај тоа што објави Конкурс, затоа што нема Управен одбор. Откако двајца членови на Управниот одбор биле именувани на други функции, останал само еден член, кој не може да решава за објавениот конкурс. Така што, проблемот со изборот на нов директор на Зоолошката сега е продлабочен.

Во рок од една година, градоначалничката Арсовска постави тројца директори на Зоолошката градина. Прв беше Кристијан Стаменов кој беше сменет оти закла 15 коњи, па на негово место дојде Драган Илиевски, а трет директор беше Зоран Попов.

Можете да прочитате

Поради дефект делови од една општина денеска без вода

Саем на креативни индустрии денеска во „Лабораториум“ од 10 до 18 часот

Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси