Утрински Весник
Скопје

Галетановски: Минатата недела после првиот круг, до архивата на партијата, поднесесов оставка од лични и морални причини

Fb img 1761504564155.jpg
Dik 300x250 mk

“Никогаш не сум имал потреба да се правдам, но должност ми е јавноста, медиумите и другарите да знаат дека
1. Чомбе никогаш не молел да биде претседател на Градската организација на СДСМ, ниту да биде кандидат за советник. Функциите му биле понудени и тој ги прифатил со чувство на одговорност. Минатата недела после првиот круг, до архивата на партијата, поднесе оставка — без патетика, без театар за внимание, туку исклучиво од лични и морални причини.

2. Чомбе никогаш, ниту сега ниту во минатото, не бил на платена функција, освен во периодот кога беше директор на Зоолошката градина Скопје, назначен лично од тогашниот градоначалник, со најниска директорска плата во градските институции – 42.000 денари. Никогаш не извршувал владина функција, ниту во времето на Заев, ниту на Ковачевски.


3. За разлика од многу поранешни функционери, министри и директори, Чомбе не се збогати, не се откажа од партијата заради лични интереси или приватни бизниси, ниту пак извлече пари преку сомнителни структури и организации. Не побара позиции во други партии, ниту пак се обиде да добие политичка функција преку манипулации.

4. Пред една година, коалициски партнер од власта му понуди директорска позиција, под услов јавно да се откаже од СДСМ. Во присуство на сведок, Чомбе експресно ја одби понудата, потврдувајќи ја својата политичка и морална доследност.

5. И пред осум месеци му беше повторно понудено раководното место во Зоолошката градина, но и тоа го одби. Четири години доследно ја критикува локалната власт што го уништи Скопје и ќе продолжи тоа да го прави, без разлика која власт е на сцена, доколку не работи во интерес на скопјани.

6. Чомбе никогаш не нарачувал медиумски напади по портали или „удбашки“ текстови за да дискредитира колеги и другари.

7.Никогаш не ги делеше пријателите по партиски етнички или верски основи и Неговото име и углед не произлегуваат од партијата или функциите. За разлика од многумина кои без политички позиции не би имале со кого ни кафе да испијат, Чомбе останува ист човек и по три и пол децении — опкружен со истите пријатели со кои се дружи повеќе од 35 години.

8. Чомбе не беше кандидат за Скопје, носител на листа, шеф на штаб и се повлече од функцијата НЕ од партија. Функциите не се вечни, но вредностите и пријателствата се. Ќе остане достапен на истиот телефонски број и ќе продолжи да придонесува за младите, граѓанските иницијативи, угостителскиот сектор, правата на животните и сите проекти од јавен интерес.

Благодарам на довербата и поддршката”, објави Ѓорѓи Галетановски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

„ТикТок“ снимка откри колкав хаос може да настане со еден клик – секој може да гаси семафори во Скопје?

Трајановски: Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за нашиот Аеродром

Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе