Како што објави Макфакс, крајбрежјето кај Љубаништа во Охрид цела сезона досега беше запоседнато од диви кампери кои оставаа смет и фекалии зад себе отворајќи им работа на охридските надлежни служби.
Оттаму, пак, јавуваат дека денеска со учество на надлежните служби и соработка на ЈУНП Галичица, Граничната полиција ПС за ГП и ГН-Св. Наум, СВР Охрид и пазарната инспекција, беа преземени соодветни мерки за заштита на животната средина и одржување на чистотата на оваа прекрасна плажа.
Оваа акција ги подигна свесноста и потребата од одговорно користење на природните ресурси, велат од Јавната установа Национален парк Галичица.