Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Галант: Израелските војници ја напуштија Газа за да се подготват за нови операции

Screenshot 2024 04 07 224308.png
Dik 300x250 mk

Израелските војници кои денеска се повлекоа од Појасот Газа го направија тоа за да се подготват за идните операции, вклучително и во јужниот град Рафа, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

„Силите излегуваат и се подготвуваат за нивните следни мисии, видовме примери на такви мисии во (болничката) операција Ал Шифа, како и нивната претстојна мисија во областа Рафа“, рече Галант на состанокот со претставниците на израелските вооружена сили.

Повлекувањето на израелските воени сили во јужниот дел на Појасот Газа се чини дека е „одмор и обновување“ и не мора да укажува на какви било нови операции, рече портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

„Како што разбравме, и преку нивните јавни изјави, ова е навистина само одмор и обновување на овие војници… и не мора да укажува на некоја претстојна нова операција за нив“, рече Кирби во интервју за телевизијата Ен Би Си во врска со прашањето за активностите преземени од страна на Израел.

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор