Утрински Весник
Македонија

Гаф на Сиљановска: Објави дека се сретнала со директорка за родова инклузија, а се сретнала со претседателката на ЕБОР

Foto 1 1.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Берлин се сретнала со претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, меѓутоа во соопштението од средбата беше објавено дека се сретнала со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во Европската банка за обнова и развој.

На фотографиите од средбата, сепак, може да се види претседателката Сиљановска Давкова со Рено-Басо, како неформално разговараат на маргините на Конференцијата за обнова на Украина.

Одил Рено-Басо

Барбара Рамбусек

Како настанала грешката да се објави средба со Рамбусек, а не со Рено-Басо е своевиден скандал и непочитување на функцијата претседателка на ЕБОР.

Како што пишува во соопштението соговорничките зборувале за исклучителната важност на посветената реализација на проектите на ЕБОР во земјава, фокусирани на континуиран развој на социо-економските процеси во македонското општество, во согласност со нашата европска стратешка определба.

Можете да прочитате

(Фото) Парада на гордоста во Скопје

Почина Миле Андонов, поранешниот пратеник од Кочани

Утре последен рок за регистрација за изборите за претседател на СДСМ