
Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска утрово соопшти дека влегува во трката за градоначалник на Битола, како независен кандидат и со тоа како што вели, ги расчистува сите шпекулации.
„Поубава, почиста, непартиска, независна Битола. Да ме поддржите за независен кандидат за градоначалник и да се приклучите кон фронт против 30 и кусур годишното запоставување на градот. Или сите заедно против партиското уништување на Битола или ќе му остајме да не уништуваат“ стои во нејзината објава на социјалните мрежи.
Инаку Илиевска во овој мандат на Советот, како советник од Поинаку, беше избрана за претседателка на Советот и како советничка група беа дел од некогашната како што велеа неформална коалиција со ВМРО ДПМНЕ.
Само советничка беше во претходниот состав на Советот исто така од Поинаку, а во првиот мандат како советничка од ВМРО НП.