Утрински Весник
Свет

Г7: Помош за Турција и Сирија по земјотресот и за Киев, во војната против Русија

Г7: Помош за Турција и Сирија по земјотресот и за Киев, во војната против Русија

Земјите-членки на Групата седум најразвиени земји (Г7) објавија дека работат на обезбедување помош за Сирија и Турција по разорните земјотреси и ја повторија својата поддршка за Киев, пред годишнината од рускиот напад врз Украина, соопшти Стејт департментот.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата на министерот за надворешни работи на Јапонија, Хајаши Јошимаса, во својство на претседавач на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 на Минхенската безбедносна конференција на 18 февруари, се прецизира дека министрите за надворешни работи на Г7 на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД и високиот претставник Европската унија се состана за првпат под јапонското претседателство во 2023 година и ја истакнаа нивната посветеност за поддршка на меѓународниот поредок заснован на владеење на правото, се вели во соопштението.

Членовите на Г7 изразија длабоко сочувство до граѓаните на Турција и Сирија кои се борат со последиците од земјотресот на 6 февруари и најавија дека работат заедно со партнерите за да обезбедат непречена достапност на потребната хуманитарна и техничка помош.

Речиси една година по рускиот напад врз Украина, членките на Г7 ја потврдија својата непоколеблива солидарност со Украина онолку долго колку што е потребно, се вели во соопштението.

Тие го поздравија учеството на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на средбата и посветеноста на Украина за праведен и траен мир, што беше покажано, како што беше наведено, во изјавите на претседателот Володимир Зеленски на Самитот на Г20 во ноември 2022 година.

Г7 остро ја осудува „неиспровоцираната и брутална агресивна војна на руската влада против Украина“ и ја повикува Русија „веднаш и безусловно да ги повлече сите сили и опрема од Украина и да ја почитува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков