Утрински Весник
Македонија

ФЗО и ПМФ со договор за напредни генетски анализи за онколошки пациенти

Klekovski pmf.jpg

Фондот за здравствено осигурување и Природно-математичкиот факултет денеска потпишаа договор со кој лабораторијата за молекуларна биологија и геномика при ПМФ ќе започне со изведување напредни молекуларно-дијагностички анализи со примена на генски панели и NGS-технологија кај онколошки заболувања. Со тоа, современите генетски анализи ќе бидат достапни за осигурениците на товар на ФЗО. Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, истакна дека договорот има две цели – зголемување на капацитетите за онколошки анализи со цел скратување на времето на чекање и овозможување апликативна работа за студентите по генетика на ПМФ.

– Оваа лабораторијата за молекуларна биологија и геномика е една од најсовремените не само во Македонија туку и во регионот. Со овој договор сакавме да постигнеме две цели. Првата цел еда го подобриме капацитетот за онколошките анализи. Значи, примарната цел на договорот е тука да се прават генетските анализи за онколошките болни. Втората цел што сакаме да ја постигнеме е оваа установа да добие можност и за апликативна работа. Тука се образоваат идните генетичари за сите лаборатории во Македонија и сметавме дека добро е уште во фазата на студирање да се има можност и практично да се види како се одвиваат овие активности – рече Клековски. Т

ој појасни дека услугите ќе се однесуваат на NGS-генетско секвенционирање, со различни пакети во зависност од бројот на анализирани гени – од неколку гени до целиот геном, посочувајќи дека вакви анализи веќе се спроведуваат и во други јавни и приватни установи во земјава. Клековски нагласи дека лабораторијата на ПМФ ќе има улога на втора, дополнителна лабораторија за онкологија, со цел да се зголеми опфатот на услуги и да се обезбеди „бекап“ доколку примарните капацитети не можат да ги покријат сите пациенти.

Можете да прочитате

Сообраќајка на автопатот кај Петровец – итните служби на лице место

Мицкоски, Гаши и Силјановска на прием кај г.г. Стефан

Одреден притвор за сопственикот на опожареното кафуле во Кран – Монтана