Утрински Весник
Македонија

Функционерите со илјада евра поголеми плати се пофалија дека минималецот е повисок за 12 илјади денари од времето на ВМРО

Функционерите со илјада евра поголеми плати се пофалија дека минималецот е повисок за 12 илјади денари од времето на ВМРО

Денеска на партиска трибина, членови на СДСМ порачаа дека се тука за граѓаните и СДСМ ќе продолжат да работи за доброто на народот и на државата.

dobivaj vesti na viber

„Парите во време на ВМРО-ДПМНЕ се трошеа на стиропор кој денеска се распаѓа, на бронза, на бикови и жални врби. Денеска парите завршуваат назад кај граѓаните. Минималната плата беше едвај 8.000 денари, а во некои сектори и помала. Денеска минималната плата е 20.000 денари и ќе продолжи да расте. Просечната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ беше 20.000 денари. Денеска просечната плата е над 34.000 денари и ќе продолжи да расте,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа е една од многуте директори, министри, градоначалници и политичари кои месецов се офајдија со 78% повисоки плати или во просек илјада евра плус на своите сметки. Платата легна кај сите, иако дел од нив јавно не сакаат да кажат колку земаат „по ново“, а новите суми ги нема ниту на веб сајтот на владата. Премиерот рече дека енормно големите плати ќе ги земаат се додека не се усвои новиот закон за систем на плати кој се уште е закочен во дебата со синдикатите и нема ниту најава кога би бил завршена нацрт-верзијата.

Можете да прочитате

Професорката Ванковска ја нападна претседателката Силјановска околу војната во Газа

Левица го прашува градоначалникот Стефковски колку илјади евра чинат неговите часовници и облека додека народот нема за леб

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос