Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ е поразен од Фулам (1:2) во натпревар од 26. коло на англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција. „Црвените ѓаволи“ ја прекинаа серијата од пет победи во низа во сите натпреварувања. Првиот гол го постигна дефанзивецот на гостите Калвин Баси во 65. минута (0:1). На минута пред крајот на основните 90, Хари Мегваер го израмни резултатот (1:1). Алекс Ивоби му донесе победа на лондонскиот тим во седмата минута од судиското надополнување (1:2). Манчестер јунајтед се наоѓа на 6. позиција во Премиер лигата со 44 бодови. Фулам има 32 бода и се наоѓа на 12. место. На другите одиграни натпревари од ова коло се постигнати следните резултати:
Астон вила – Нотингем Форест 4:2
Брајтон – Евертон 1:1
Кристал Палас – Барнли 3:0.