Утрински Весник
Спорт

Фудбалер од Премиер лигата уапсен поради силување

Фудбалер од Премиер лигата уапсен поради силување
Dik 300x250 mk

Неименуван фудбалер од клуб од Премиер лигата е уапсен под обвинение за силување.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат британските медиуми се работи за играч кој играл во ноември и декември на Светското првенство во Катар.

Исто така, „Сан“ наведува дека, покрај двете жртви кои го обиниле фубалерот, се појавила и трета жртва која била подготвена да сведочи во судскиот процес против него.

Се додава дека силувањата се случиле во април 2021 година и јуни 2022 година.
Третата жртва тврди дека била нападната во Хертфордшир во февруари 2022 година.

Исто така, „Сан“ наведува дека фудбалерот моментално е во притвор во полициска станица и дека неговиот распит е во тек.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс