Утрински Весник
Свет

ФСБ уапси украински терористи, спречила атентат врз директорот на нуклеарката во Запорожје

ФСБ уапси украински терористи, спречила атентат врз директорот на нуклеарката во Запорожје

Руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) соопшти денеска дека уапсила украинска диверзантско-терористичка група во областа Запорожје која подготвувала терористички напад врз еден од директорите на нуклеарната централа Запорожје, пренесува РТ Балкан.

dobivaj vesti na viber

Во акцијата, „одземена е експлозивна направа која требало да биде употребена, како и малокалибарско автоматско оружје, муниција и експлозиви“, се наведува во соопштението на ФСБ.

Според руското разузнавање, украинските специјални служби го подготвиле нападот директно – преку вработените во Главната разузнавачка управа при украинското Министерство за одбрана на Украина, Александар Умањски и Андреј Никуљин и агентката Викторија Будникова, и преку посредникот Јулија Ткачук, која моментално е во Финска, новата членка на НАТО.

Диверзантите собирале информации за локацијата на руските воени објекти, за претставници на руските безбедносни сили и војската, како и за локалното проруско население, велат од ФСБ.

Во моментов се проверува дали членовите на групата биле вклучени во претходни саботажи и терористички напади. Отворена е кривична постапка и се утврдуваат сите околности на кривичното дело, како и други инволвирани лица, информираат од службата.

Нуклеарната централа во Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа по број на единици и инсталирана моќност, се наоѓа на левиот брег на реката Дњепар.

Од март минатата година, нуркеарната централа во која работи украиски персонал ја чуваат припадници на руската армија.

Според руското Министерство за надворешни работи, тоа е неопходно за да се спречи истекување на нуклеарни и радиоактивни материјали.

 

Можете да прочитате

Зеленски: Русија нападна со повеќе од 40 проектили

Разузнавачки агенции: Инаугурацијата на Трамп потенцијална цел на екстремистите

Куба ќе ослободи 553 затвореници откако САД ја отстранија од листата на земји кои го спонзорираат тероризмот