Утрински Весник
Свет

ФСБ спречила терористички напад во Самарскиот регион

20240326114532 Big 730x400 87.webp.webp

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија соопшти дека спречила терористички напад на пункт за примање хуманитарна помош во Самарскиот регион, кој бил планиран од соучесник на терористичкиот Руски доброволен корпус (РДК), организација која дејствува под покровителство на украинските специјални служби.

„На територијата на Самарскиот регион спречен е терористички акт кој бил планиран од државјанин на Руската Федерација, роден 1994 година, соучесник на терористичката организација Руски доброволен корпус, која работи под покровителство на украинските специјални служби“, се вели во соопштението.

ФСБ наведува дека мажот планирал да активира импровизирана експлозивна направа во зградата во која се прима хуманитарна помош и дека при апсењето на напаѓачот се активирала подметната експлозивна направа, по што напаѓачот починал.

Нема повредени меѓу припадниците на безбедносните сили и цивилите.

ФСБ додава дека од 2022 година напаѓачот бил јавно ангажиран во дискредитирање на руските вооружени сили и дека во септември минатата година бил регрутиран од украинската разузнавачка служба преку РДК и дека се согласил да организира и изврши диверзии на територијата на Руската Федерација.

При претрес на местото каде што живеел, откриена е лабораторија за производство на експлозивни материи, компоненти за негова изработка, како и уште една импровизирана експлозивна направа подготвена за употреба. 

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење