Утрински Весник
Свет

ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани

20241227100911 Big 730x400 82.webp.webp

Американскиот државјанин Еуген Спектор е осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци за руски државјани за Пентагон, објави денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Според ФСБ, Спектор собирал и пренесувал доверливи биотехнолошки и биомедицински информации, вклучително и државни тајни, на странски субјекти поврзани со Пентагон. Целта била да се создаде систем за генетски скрининг за руските граѓани.


Спектор покрај затворската казна треба да плати и парична казна во висина од 14 милиони рубљи (134.000 евра).

Судењето се одвиваше зад затворени врати и не се познати детали од обвинението.

Спектор, Американец со руско потекло, исто така беше осуден во септември 2022 година на 3,5 години затвор за корупција.

Можете да прочитате

Секој трет невработен Европеец е без работа најмалку една година

Демократите објавија три е-пораки на Епштајн во кои се спомнува Трамп

Орбан: Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт на ЕУ, нема да прифаќа мигранти