Утрински Весник
Спорт

ФС на Шпанија ја одби жалбата против Барселона

ФС на Шпанија ја одби жалбата против Барселона

Натпреварувачката комисија на Фудбалскиот сојуз на Шпанија денеска ја одби жалбата на фудбалскиот клуб Елче, кој бараше натпреварот со Барселона да го добие со службен резултат. За Елче спорен беше настапот на Гави, на натпреварот кој Барселона го доби со 4:0.

dobivaj vesti na viber

Елче и Барселона се сретнаа на 1 април во натпреварот од 27. коло на шпанската Примера.

Гави (18) беше пријавен како привремен член на првиот тим на Барселона на крајот на јануари, откако тамошниот суд ја дозволи мерката на претпазливост, која потоа беше укината на 13 март.

Судската одлука му дозволи на Гави да ја задржи лиценцата за настап во помладите категории, а комисијата за жалби наведува дека „никогаш не му била одземена лиценцата“, на што се повикува Елче, пренесоа шпанските медиуми.

Барселона е на првото место на табелата во Примера со 73 бода на девет натпревари до крајот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина