Утрински Весник
Спорт

Фросиноне обезбедија место во Серија А

Фросиноне обезбедија место во Серија А

Фудбалерите на Фросиноне трет пат во клупската историја изборија место во Серија А. На домашен терен тие ја совладаа Реџина со 3:1 во натпреварот од 35. коло во Серија Б, со што на три кола до крајот на сезоната стекнаа недостижна предност пред третопласираниот Бари.

dobivaj vesti na viber

Директен пласман во Серија А за следната сезона ќе изборат двете првопласирани екипи од Серија Б, додека во дополнителни квалификации ќе одат екипите кои ќе завршат меѓу третото и осмото место во лигата.

Со победата против Реџина, Фросиноне стигна до учинок од 71 поен, додека Бари претходно во понеделникот одигра 1:1 против Цитадела и остана на 61 поен.

Втората Џенова која има 67 бода е во добра позиција, по една сезона играње во втората лига да се врати во Серија А.

Фросиноне одигра само две сезони во друштво на најдобрите досега. И во двете сезони 2015/16 и 2018/19, Фросиноне веднаш испаѓаше од Серија .

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026