Утрински Весник
Македонија

„Фронт 21/42“ ја поздравува одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Ohrid.jpg

Одлуката на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање да бидат повлечени од процедура Предлог-законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата наиде на поддршка на еколошките здруженија.

Од организацијата „Фронт 21/42“ што отворени се спротивставуваше на донесувањето на законите го поздравуваат тавкиот потег изразувајќи уверување дека ресорното МЖСПП во најскоро време ќе отпочне широки консултации со сите засегнати страни за доследно да се вградат препораките на Бернската конвенција и да се обезбеди ефективна заштита каква што заслужуваат овие две исклучително значајни меѓународно заштитени подрачја.

„Фронт 21/42“ претходно достави Претставка до релевантните собраниски комисии со укажување на неусогласеноста на Предлог законите со Уставот и барање за стопирање на процесот за нивно усвојување.

Активистите на движењето изразуваат надеж дека повлекувањето на Предлог -законите означува почеток на блиска соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор која ќе резултира со вистинска заштита на нашето најголемо природно богатство, но и унапредување на владеењето на прaвото во нашата земја. 

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци