Утрински Весник
Свет

Фрлени запалени шишиња кон куќа во Ѓорче Петров

Pp protivpozaren aparat 5.jpg

Во раните утрински часови на 31 јануари 2026 година, во 03:22 часот, во СВР Скопје е пријавен инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, каде непознато лице фрлило две стаклени шишиња со запалива течност кон семејна куќа. Едното шише паднало во дворот, во близина на паркирано товарно возило, додека другото завршило на терасата од куќата и предизвикало пожар.

Пожарот бил брзо изгаснат од членовите на семејството, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Масовен прекин на струја во Молдавија

Гутереш: ОН се соочуваат со финансиски колапс

Експлозија во станбена зграда во Иран