Утрински Весник
Македонија

Фрлена бомба во Битола – оштетени повеќе возила и куќи, напаѓачот во бегство

Policija blokirana ulica 1 bg resize.jpg

Битола беше разбудена од силна експлозија ноќеска околу 2 часот по полноќ, откако непознат напаѓач фрлил експлозивна направа на улицата Охридска, информираа од СВР Битола.

„На 12.07.2025 година во СВР Битола било пријавено дека околу 2:05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на улицата Охридска“, соопшти полицијата.


Од експлозијата е причинета значителна материјална штета. Според првичните информации, оштетени се повеќе патнички возила од марките „Фолксваген“, „БМВ“, „Тојота“, „Киа“, „Рено“, „Матиз“ и „Тико“, сите со битолски регистарски ознаки. Возилата биле паркирани долж улицата, каде што се случила експлозијата. Исто така, оштетени се и неколку прозорци и врати од околните куќи.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, во присуство и по насока на јавен обвинител.

Надлежните институции информираат дека се преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Жртви или повредени лица, според досегашните податоци, за среќа нема. Жителите на Охридска улица, сепак, велат дека се уште се под стрес поради силната детонација и штетата што ја претрпеле.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци