Утрински Весник
Свет

Фрлале молотови коктели кон полициска станица во Париз и запалиле огномет, деветмина уапсени

Nemiri Pariz.jpg

Девет лица беа уапсени откако полициска станица во париското предградие Ла Курнев беше нападната во неделата доцна навечер по судирите меѓу младите и полициските сили, изјави началникот на париската полиција.

Десетици млади луѓе нападнаа полициска станица во предградие на Париз со пиротехнички средства и молотови коктели, откако 18-годишник беше убиен за време на полициска потера минатата недела, според локалните извештаи.

 

 

Полицијата соопшти дека скутер се обидел да претекне автомобил пред нив и директно се судрил со полициско возило кое доаѓало и било повикано како засилување. Полицајците рекоа дека морале да скршнат за да го избегнат таксито и се судриле со скутерот.

Овој случај потсетува на смртта на 17-годишник при полициска сообраќајна контрола во близина на Париз минатиот јуни. Потоа имаше протести против полициското насилство и сериозни немири кои долго време ја потресуваа Франција и предизвикаа милионска штета.

„Имаше девет апсења, што не е безначајно“, изјави Лоран Нуњез за телевизијата ТФ1 во понеделникот.

„Полициското засилување брзо ги врати редот и безбедноста“, додаде тој. Безбедносните прашања се од најголема важност за француските власти со Олимпијадата во Париз која започнува на 26 јули.

Некои локации на Олимпијадата во Париз беа вандализирани за време на немирите во летото 2023 година, што беа предизвикани од убиство на тинејџер од северноафриканско потекло. Младиот човек бил застрелан од полицијата.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење