Утрински Весник
Македонија

Фрчковски : Програма 300 дел од новата сила на СДСМ

Befunky 2025 11 4 20 38 29.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

-Новата сила на СДСМ не се само луѓето во раководството. Претседателот Филипче најави Програма  кој подразбира регитрација на 300 нови лица во партијата на сите нивоа – во општинските организации, стручните комисии, координаторите на региони, меѓу младите, тоа се новите млади амбасадори на социјалдемократијата. Луѓе со елан, знаење и кредибилитет, рече Јон Фрчкосски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во емисијата „Аргумент Плус“ на 24 телевизија.

Во рамките на оваа нова сила, СДСМ исто така го формира Антикорупцискиот тим (АКТ) а ја отвори и новата платформа, веб-страната МИЦКО, преку кој граѓаните можат анонимно да пријавуваат случаи на корупција и злоупотреби во власта, додаде тој.

Секојдневно се води борба против корупцијата, скоро секојдневно се појавуваат информации и скандали. Дојдоа премногу информации за сериозни корупциски скандали, тендерски шеми и проблематични ситуации во институциите. Се формираше антикорупциски тим, предводен пред се од млади, но и компетентни лица во различни области. Тие работат на анализа на она што сметаме дека е спорно и на негово јавно објавување. Во моментов, многу информации стигаат од институциите, ситуацијата воопшто не е едноставна“, истакна Фрчкоски.

„Сѐ она што сметаме дека е во јавен интерес ќе го објавиме и ќе го комуницираме. Граѓаните можат анонимно да пријават што сметаат дека е случај на корупција, штитејќи го сопствениот идентитет. Сè е многу внимателно проверено. Сѐ што партијата јавно го објавува е поткрепено со документи коишто се јавно достапни ,  не измислици или инсинуации“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски.

Центар за комуникации СДСМ

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница