Утрински Весник
Спорт

Французите го одбија пречекот па излегоа пред 50.000 луѓе

Французите го одбија пречекот па излегоа пред 50.000 луѓе

Повеќе од 50.000 навивачи ги пречекаа француските фудбалери на плоштадот Конкорд во Париз.

dobivaj vesti na viber

На плоштадот Конкорд владееше одлична атмосфера, кога на балконот на хотелот Кријон се појавија играчите и тренерот Дизие Дешамп.

Репрезентацијата ја поздрави публиката веејќи француски знамиња. Француската репрезентација два часа порано пристигна во Париз од Доха.

Капитенот на Франција Уго Лорис беше воодушевен од поддршката на навивачите и покрај поразот во финалето.

„Ова е можност да ги поздравиме навивачите и да им се заблагодариме за поддршката и покрај поразот во финалето. По болката што ја доживеавме, дојдовме да бараме утеха од нив“, изјави Лорис за француската телевизија TF1 и додаде:

„И покрај околностите и многу работи што се случија пред и за време на турнирот, ние останавме обединети и ја покажавме силата на оваа група. Мислам дека Французите се препознаа преку овие вредности. Мораме да продолжиме да работиме и да го дочекаме следното Европско првенство во најдобра можна форма“, заклучи Лорис.

 

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност