
Труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е доказ дека рускиот претседател Владимир Путин е „подготвен да употреби биолошко оружје против сопствениот народ за да остане на власт“, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Баро реагираше преку платформата „X“, повикувајќи се на заедничка изјава на Велика Британија, Франција, Германија, Шведска и Холандија, во која се наведува дека Навални бил отруен со редок и смртоносен невротоксин – епибатидин, супстанца поврзана со отровни жаби од Јужна Америка.
Францускиот министер му оддаде почит на Навални, нарекувајќи го „опозиционер убиен поради неговата борба за слободна и демократска Русија“.
Петте европски земји во заедничкото соопштение наведоа дека Навални починал од труење во казнена колонија пред две години.


