Утрински Весник
Спорт

Француски тенисер казнет со 25.000 долари затоа што удрил гледачка со топка

102bbddc36ffe513dc4ae35da6887ac8.jpg

Францускиот тенисер Теранс Атман денеска е казнет со 25.000 долари откако при поразот во првото коло на Ролан Гарос во Париз несакајќи со топката удри гледачка на трибините.

Атман е казнет со речиси една третина од сумата што ја заработи на Ролан Гарос, откако силно ја удри топката од лутина, откако загуби поен во четвртиот сет од неговиот меч против Себастијан Офнер од Австрија.

Офнер го доби првото коло во неделата по пет сета, 3:6, 4:6, 7:6, 6:2, 7:5.

Натпреварот беше прекинат 15 минути при резултат 4-1 во четвртиот сет, додека судијата и официјалните лица на турнирот разговараа со жената која беше погодена од топката и одлучиуваа дали да го казнат францускиот тенисер. Доби опомена за неспортско однесување.

Играч кој ќе го заврши турнирот на Ролан Гарос во првото коло добива околу 80.000 долари, а казната на Атман е најголемата од 10-те казни што ги добија играчите.

Тој во вторникот преку социјалните мрежи се извини и рече дека немал намера да ја удри гледачката.

Офнер рече дека Атман требало веднаш да биде дисквалификуван од турнирот.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024