Утрински Весник
Свет

Француски медиуми: НАТО привремено ги повлекува трупите од мисијата во Ирак

Nato3.jpg

Француските медиуми објавија дека мисијата на НАТО во Ирак има задача да им помага и да ги советува ирачките сили во нивната борба против џихадистичките групи, го повлече својот персонал поради безбедносни причини.

„Тоа е привремено повлекување. Тие се загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток“, рече првиот претставник.


Вториот претставник рече дека „целиот персонал на мисијата е повлечен“, освен мал број лица.

Мисијата, што вклучува „стотици персонал“, се наоѓа во ирачка воена база во центарот на Багдад, близу амбасадата на САД, што е цел на чести напади од проирански фракции во текот на војната на Блискиот Исток.

Можете да прочитате

Германската автомобилска индустрија вработува помалку работници

Администрацијата на Трамп размислува за преземање на островот

Америка распоредува илјадници дополнителни маринци на Блискиот Исток